MK

Хотел Парк Резиденс

Хотел Парк Резиденс

"На наше големо задоволство сакаме да ја истакнеме соработката со фирмата SONIX. Секако би го потенцирале професионалниот пристап на фирмата, пред се како тим. Тие беа со нас од самите почетоци кога го градевме и опремувавме нашиот Фитнес центар, кој во моментов важи за еден од најголемите во земјава и најпрофесионалните.

Фирмата SONIX ја ангаживарвме при изборот на високо професионалната опрема за вежбање, но и за дизајн на просторот, функционалноста на Fitness & Spa, но и при опремувањето на хотелите особено при изборот на бои и мебел во хотелот. Фирмата Sonix има големо влијание при изборот на мебел во рестораните.

Благодарни сме што и дел од нашите вработени добија и професионална обука и усовршување во Италија за опремата која ја набавивме од SONIX.

Со одговорност тврдиме дека испораката на нивните услуги е навремена, а опремата ги задоволува сите светски стандарди која е високо квалитетна.

Ги препорачуваме за соработката, која за нас беше задоволство."

Нина Шерифовска, менаџер на Хотел Парк Резиденс (CEO)