MK

Аџибадем Систина

Аџибадем Систина

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ континуирано инвестира во обезбедување на нови и современи медицински технологии. Сите болнички одделенија се опремени со високо софистицирана медицинска опрема.

Во болницата „Аџибадем Систина“ работи реномиран тим од 210 водечки специјалисти, со 21 универзитетски професор признати во регионот. Долгогодишното искуство на нашиот тим е потврда за врвната здравствена услуга за пациентите и нивните семејства. Тие се подготвени да ги решат и најсложените медицински состојби. „Аџибадем Систина“ е награден со Златен печат на одобрение за квалитет и безбедност како резултат на усогласеноста на работните процеси со меѓународно признатите стандарди. Златниот печат на одобрување е доказ дека квалитетот е резултат на посветеноста на болницата во обезбедувањето безбедни и ефикасни услуги за своите пациенти. Акредитацијата на JCI гарантира дека секој пациент на Аџибадем Систина добива безбедни и најквалитетни здравствени услуги.

"На Одделот за физикална медицина и рехабилитација на наше задоволство достапни се апарати од компанијата Sonix. Нашето досегашно искуство покажува одлични резултати во спроведување на третманот кај пациентите и сме навистина задоволни. Она што е најважно е тоа што целокупната апаратура е навистина практична за употреба, а притоа се навистина функционални.

Апаратите се функционални во смисла на лесно ракување и апликација во процесот на спроведување на физикалните модалитети и нудат ефикасност во процесот на третирање на проблематики од областа на физикалната медицина и рехабилитација."
Д-р Ирина Попдимитрова Митревска, Шеф на Оддел за физикална медицина и рехабилитација

"Уште од самиот почеток на мојата кариера, фирмата Соникс организираше доста настани и школи за ултразвук, преку кои и дознав за опремата која ја нудеа и веќе беше достапна во болниците во повеќе градови на  Македонија. Дел од опремата на која во моментов работам Mindray DC70  е еден од апаратите кои ми помага за јасна дијагностика и пронаоѓање на аномалиите кај пациентите. Од друга страна операционата сала во која го поминувам најголем дел од времето, располага со дел од опремата која Соникс ја има инсталирано, истата е практична за користење и едноставна, и што е најважно високо квалитетна. Секако би истакнал во делот на едукацијата за ракување на опремата, тимот на Соникс е секогаш достапен и подготвен."
доц. Д-р Митко Ивановски, специјалист по гинекологија и акушерство